Економија

Граѓаните со поделени мислења за новите цени

20.09.2023 12:30

Од денеска граѓаните ќе можат да купуваат производи по пониска цена. Владините претставници синоќа дадоа зелено светло за намалување на цените на храна во 25 категории. Инспекторите на терен, а граѓаните утринава пред камерата на Македонската телевизија велат дека сè уште, не ја почувствувале разликата...

Стартува владина одлука за намалување на цените на основните прехранбени продукти како млечни, месни, пекарски производи, овошје и зеленчук. Некои забележуваат намалување, други не, а трети велат дека нема да го почувствуваат намалувањето на џебот, бидејќи пред 1-ви август од кога се смета намалувањето цените биле превисоки.

Засилени инспекциски контроли во маркетите, со зголемени надлежности. Но, не добивме информации од Пазарна дали е забележано непочитување на новата мерка за замрзнување на цените.

Александра Велинова