Распределба на зелена нафта
Во тек е распределбата на зелената нафта. Годинава скоро 50.000 земјоделци ќе добијат електронска картичка за субвенционирано гориво. За оваа мерка се обезбедени 275 милиони денари. Финансиската поддршка е 50 проценти од трошоците за набавка на дизел гориво, но не повеќе од 100.000 денари по земјоделско стопанство …

Годинава за така наречената „зелена нафта“ се обезбедени вкупно 275 милиони денари. Субвенцијата е 50 проценти од трошоците за обработка на насадите и посевите на нивите.
Висината на поддршката зависи од видот на културата и големината на површината која е пријавена во барањата за финансиска помош.
Корисници се полјоделците, овоштарите, лозарите и градинарите. За житните култури поддршката за хектар изнесува 1.400 денари, за индустриските скоро 2.000, а за градинарските и лозовите култури 4.000 денари.
Во овоштарството субвенцијата изнесува 5.000, а за ореви и питоми костени 2.600 денари за еден хектар.
Земјоделците треба лично да ги подигнат картичките од подрачните единици, а со нив ќе можат да набават гориво најдоцна до 30-ти април 2024 година. Парите можат да се користи повеќекратно сè додека средствата не се потрошат. Доколку до овој рок не ги искористат, картичките ќе им бидат блокирани.
Со мерката „зелена нафта“ се опфатени 50 илјади земјоделци, а на еден земјоделец му следуваат најмалку по 500 денари.
Методија Трајков
