Просечната нето-плата во јули достигна 36.286 денари
Ваквото зголемување се должи пред сè на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Градежништво (19,5%), Образование (17,2%) и Јавна управа и одбрана, Задолжително социјално осигурување (16,8%), соопшти ДЗС.

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јули годинава порасна за 14,1% и достигна 36.286 денари, покажуваат последните податоци на Државниот завод за статистика.
Ваквото зголемување се должи пред сè на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Градежништво (19,5%), Образование (17,2%) и Јавна управа и одбрана, Задолжително социјално осигурување (16,8%), соопшти ДЗС.
Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (7,9%), Финансиски дејности и дејности на осигурување (5,3%) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (4,6%).
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во јули 2023 година, изнесува 54.434 денари.
