Њујорк

Ковачевски на средба со раководството на корпорацијата „Енвидија“

21.09.2023 10:36

Како што соопштуваат од Владата, на средбата со Стриер, премиерот Ковачевски разговараше за интересот на Владата за изградба на инфраструктура за поддршка на примената на нови дигитални технологии вклучително и вештачката интелигенција од страна на јавниот сектор и економските субјекти во државата.

Во рамки на работната посета на Њујорк, премиерот Ковачевски оствари средба со Кеит Стриер, потпретседател на корпорацијата „Енвидија“ (NVIDIA), одговорен за вештачка интелигенција.

Како што соопштуваат од Владата, на средбата со Стриер, премиерот Ковачевски разговараше за интересот на Владата за изградба на инфраструктура за поддршка на примената на нови дигитални технологии вклучително и вештачката интелигенција од страна на јавниот сектор и економските субјекти во државата.

Овој инфраструктурен проект за воведување на новите дигитални технологии и вештачка интелигенција меѓу другото ќе ги адресира и прашањата на националната безбедност, индустрискиот иновациски развој, степенот на безбедноста и брзината на услугите.

Овие разговори се продолжение на започнатите разговори на министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу на планот на поддршката на развојот и употребата на нови дигитални технологии и вештачка интелигенција во јавниот сектор.

„Енвидија“ е технолошки гигант, најголемиот производител на чипови во светот на вештачка интелигенција.