Економија

Државата нема да троши пари за изградба на ХЕЦ „Чебрен“, вели Шукова

21.09.2023 14:35

Грчкиот концесионер сам ќе ја гради ХЕЦ „Чебрен“, а по изградбата земјава ќе добива 33% од влогот, а 67% му останува на инвеститорот. По 60 години, по завршување на концесијата, целиот комплекс останува на државата – вели Шукова. На денешниот Самит на сина економија, вклучен алармот за инвестирање и зачувување во водените ресурси…

Државата нема да троши пари за изградба на ХЕЦ „Чебрен“, делот од инвестицијата ќе се покрие со давање на ХЕЦ „Тиквеш“ на грчкиот концесионер, појасни министерката за животна средина Каја Шукова.

Грчката компанија која ќе ја гради ХЕЦ „Чебрен“ сè уште немала дозвола за води, за да може да ја добие концесијата. Шукова децидна – по изградбата, земјава ќе добива 33% од влогот, а 67% му останува на концесионерот. По 60 години, сè што ќе биде изградено останува на државата, вели Шукова.

Македонија ќе има предимство за користење електрична енергија по пазарна цена за потребите на државата, а потоа ќе може да се дава на други потрошувачи.

А климатските промени го вклучија алармот за инвестирање во нови извори на енергија, но и за заштита на водните ресурси. Компаниите со став-зелената транзиција е многу важна.

За да ја поттикне соработката, размената на знаење и идентификување на можностите за партнерство за одржливи иницијативи за водите, Самитот на сината економија 2023 година ja седна на маса бизнис-фелата.

Наташа Гркова Петрушевска