На пазарите нема гарантирани цени
Во маркетите генерално се почитува владината мерка. Цените се намалени. Пазарџиите се категорични, намалување не може да има. Граѓаните со поделени мислења...

Трет ден од замрзнувањето на цените на основните прехранбени продукти. Граѓаните со поделени мислења. Едни забележуваат намалување на цените, други сметаат дека има само мала корекција во споредба со големиот скок на цените пред први август.
Пазарџиите се категорични, намалување не може да има. Голем број од нив се и производители, па велат, производната цена е превисока и нема простор за намалување. Друга причина е и намаленото производство на овошје и зелечук.
Слична е сликата на пазарите и во внатрешноста на земјава.
Од Пазарна инспекција велат дека при спроведување на инспекциските контроли не е забележано непочитување на новата мерка за замрзнување на цените и намалување за 10 отсто на 100-на основни прехранбени продукти.
Александра Велинова
