Контролите продолжуваат, седум маркети се затворени на пет дена
Маркетите на непослушните трговци ќе бидат затворени пет дена. Власта уверува дека ќе ги заштити граѓаните од манипулативни практики. Бизнисмените реагираат дека немале доволно време да се подготват за мерката. Од следната недела, ново поевтинување…

По 300 спроведени контроли на пазарната инспекција, седум маркети се затворени на пет дена од кои пет големи ланци на маркети во Скопје, Струга и Кичево. Паричните казни се во вредност над четири и пол милиони денари. Директорот на пазарна инспекција најавува дека и понатаму будно ќе се вршат инспекциски контроли во интерес на граѓаните и ќе биде санкциониран секој кој ќе ја прекрши одлуката за замрзнување на цените.
Дел од трговците ја поддржуваат мерката за замрзнати цени на производите, но, дополнително ќе прават пресметки. Власта не се согласува со забелешките од Стопанската комора дека компаниите немале доволно време да се подготват за мерката.
Министерот Бектеши најави ново поевтинување од следната недела на пијалаците, а се прават анализи дали има простор за намалување и на хигиенските производи.
За непочитување на мерката гарантирана цена, казните се клуч на врата од 3 до 30 дена или парична казна од 800 до 10.000 евра.
Александра Велинова
