Даночна политика

Ниските даноци добри за инвеститорите, лоши за буџетот

25.09.2023 15:47

Ниските даноци во земјава и регионов служеа за привлекување странски инвестиции поради високата невработеност. Но, тоа резултираше со многу пониски остварувања во вкупните приходи, споредено со земјите од ЕУ. Економисти сметаат дека веќе треба да се размислува за промени…

Земјите од Балканот бележат високи стапки на сива економија, која надминува и 30% од Бруто-домашниот производ. За сузбивање на ваквата појава потребни се заеднички напори. Проблемот е малку пари што собираме, а многу трошиме – објаснуваат даночни експерти.

Понудија неколку решенија – синхронизирано систематско истиснување на готовината, воведување давачка за подигање готовина, поврат на ДДВ само за безготовинско плаќање.

Ниските даноци беа потребни за да привлечеме нови инвестиции во услови на голема невработеност, но тоа резултира со помалку пари во буџетот.

Директорката на УЈП, Лукаревска тврди дека максимално се посветени на намалувањето на сивата економија.

Истражувања покажуваат дека проектот „Отворен Балкан“ резултирал со зголемен извоз во земјите од соседството.

Ана Јосифоска Тодоровска