Економија
Владата денеска ќе одлучува за намалување на цените на алкохолните и безалкохолните пијалаци
26.09.2023 09:43
Пазарниот инспекторат, на терен проверува дали маркетите ги намалиле цените на основните прехранбени продукти...

Денеска владата ќе носи одлука за намалување на цената на алкохолните и безалкохолните пијалаци. Пазарниот инспекторат, на терен проверува дали маркетите ги намалиле цените на основните прехранбени продукти. И големите синџири на маркети не ја почитувале мерката. Премиерот Ковачевски со предупредување, мерките мора да се почитуваат.
Се прават анализи дали има простор за намалување и на хигиенските производи. За непочитување на мерката гарантирана цена, казните се клуч на врата од 3 до 30 дена или парична казна од 800 до 10.000 евра.
