Попладнево нова средба на работната група за пензиите
Засега извесно само дека пензионерите на први октомври ќе добијат усогласена септемвриска пензија, зголемена за 6,8 проценти, како последица на растот на трошоците за живот и на просечната плата.

Попладнево во Владата нова средба на работната група за пензиите. На маса барањата за линеарно покачување на пензиите.
Засега извесно само дека пензионерите на први октомври ќе добијат усогласена септемвриска пензија, зголемена за 6,8 проценти, како последица на растот на трошоците за живот и на просечната плата.
Тоа значи дека оние со најниски пензии од 11.897 денари ќе добијат дополнителни 810 денари, додека, пак, 75 приматели на највисока пензија од речиси 70.000 денари ќе добијат плус 4.750 денари.
Пензионерите не отстапуваат од барањата за линеарно покачување на пензиите од 3.500 денари, како и минимална пензија од 18.000 денари.
