Соковите, водата и пивото од денеска со „гарантирани цени“
Соковите, водата и пивото од денеска со пониска цена. Владата продолжува со замрзнување на цените на производите. Следни на ред се средствата за хигиена. Инспекторите се на терен и во руралните средини...

Зголемен број на контроли во сите трговски објекти и пломба за трговците што ќе ги доведат потрошувачите во заблуда, најави директорот на Државниот пазарен инспекторат Горан Трјаковски. Додава дека периодов сите инспектори се на терен и дека инспекција ќе има и во малите селски продавници, бидејќи има пријави од граѓаните. Големите ланци на маркети пак, вели Трајковски, ги исправиле грешките и ги применуваат владините одлуки за „гарантирана цена“, а дел од општествено одговорните компании ги намалиле и цените на производите кои не се опфатени со владината одлука.
Досега казнети се седум компании поради непочитување на владините одлуки и пет за непочитување на Законот за потрошувачи, информира Трајковски. Од Министерството за економија пак предупредуваат – доколку продолжи зголемувањето на извозот на земјоделските производи, наместо да се пласираат на македонскиот пазар, ќе се предложи целосно укинување на увозните давачки за земјоделските производи. Ресорниот министер Крешник Бектеши додава и дека владата нема намера да субвенционира производи кои се пласираат во други држави
Анализата на Министерството за економија за реализација на мерките за намалување и замрзнување на цените на прехранбените производи и нивото влијание покажала дека заштедата на домаќинствата за сите производи со замрзната цена, без пијалаците, изнесува 2.070 денари, споредено со цените на први август годинава.
Марија Котовска
