Горива

Еуросупер БС-98 од полноќ поевтинува два денара

29.09.2023 13:26

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,44% …

Малопродажната цена на бензинот Еуросупер БС-98 од полноќ се намалува за два денара за литар и ќе изнесува 87 денари за литар, одлучи Регулаторната комисија. Цените на останатите горива остануваат непроменети.

Еуросупер БС-95 ќе се продава 87 денари за литар, еуродизелот ќе чини 85,5 денари за литар, цената на екстра лесното масло за горење ќе изнесува 85 денари за литар, а мазутот 49 денари за килограм.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек кај бензините за 1,231%, кај дизелот зголемување за 0,083%, кај екстра-лесното масло има намалување за 1,177% и кај мазутот намалувањето е за 0,495%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,308%.