нбрм
Меѓународна истражувачка конференција на Народна банка
29.09.2023 13:50
Враќањето на инфлацијата на историски ниските стапки останува приоритет за централните банки. Правилната монетарна политика придонесе да се зачува макроекономската стабилност на државата – пораки од Меѓународната истражувачка конференција, во организација на НБРМ...

Геополитичките и геоекономски ризици дополнително имаат долгорочни негативни ефекти врз демографијата, истакна македонскиот претседател Стево Пендаровски. Според него, потребни се длабоки реформи и евроинтеграција, со цел да се спречи масовното иселување на младите мозоци од Македонија, но и регионот.
Клучната порака е дека најважен е правилниот избор на политиките, со што земјите од Западен Балкан може да обезбедат ниска инфлација и зголемена долгорочна траекторија на раст, став на директорот на Европскиот оддел на Меѓународниот монетарен фонд, Алфред Камер. Тој додaдe дека неопходни се структурни реформи за да се подобри економскиот потенцијал на регионот.
Фискалната политика треба да ја поддржува монетарната и истата не треба да се олабавува прерано, бидејќи во спротивно, може да дојде до големи негативни поседници, беше заклучено на Конференцијата.
Марија Котовска
