Финансии

Бесими: Со прераспределбата се обезбедува гарантирана исплата на зголемените плати, пензии и поддршка на стопанството

29.09.2023 13:59

Министерот за финансии Фатмир Бесими денеска во Собранието каде на пленарна седница започна расправата по дополнетата Предлог-одлука за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници...

Предлог-одлуката за распределување на средства помеѓу буџетските корисници е одлука за реалокација на средства за исплата на зголемените плати за вработените во јавниот сектор, од овој месец, нешто што е договорено со синдикатите, исплата на зголемените пензии за 6% за пензионерите од октомври, што е согласно методологијата што ја утврдивме заедно, средства за социјални права, повеќе средства за земјоделски субвенции, за лекот „Tрикафта“ за 55 пациенти и за мерачи за лицата со дијабет.

Ова го посочи министерот за финансии Фатмир Бесими денеска во Собранието каде на пленарна седница започна расправата по дополнетата Предлог-одлука за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници, која содржи и 8 амандмани кои беа прифатени во рамки на комисиската расправа, стои во соопштението од Финансии.