Отворена најголемата фотоволтаична централа на Балканот „ФЕЦ Новаци“
„Со над 280 сончеви денови и со потенцијалите од вода и од ветер, овозможивме енергетска независност на државава. За овие две години создадовме речиси 450 мегавати обновлива енергија“, рече премиерот Ковачевски на отворањето на новата соларна централа во Новаци, пелагониско. До крајот на годината ќе се инсталираат вкупно 600 мегавати. Тоа е повеќе од капацитетот на РЕК Битола, порача претседателот на Владата...

Денес во Општина Новаци, свечено беше пуштена во употреба најголемата фотоволтаична централа на Балканот. Со вкупен капацитет од 55 мегавати, која е проектирано да произведува 85.000 мегават часови електрична енергија. Која ќе ги задоволи потребите на околу 30.000 семејства. Премиерот Ковачевски, министрите Бектеши и Бочварски, како и инвеститорот Шефшет Демировски, се обратија на свеченото отворање
Пуштена во употреба најголемата фотоволтаична централа на Балканот „ФЕЦ Новаци“, со вкупен капацитет од 55 мегавати, која е предвидено да произведува 85.000 мегават часови електрична енергија, која ќе ги задоволи потребите на околу 30.000 семејства.
Последните неколку години се случува вистинска експанзија во искористување на обновливите извори на енергија. Стабилноста во обезбедувањето на електрична енергија преку сите расположливи средства е наш врвен приоритет, имаме 280 сончеви денови во годината, што е над европскиот просек. Поради што од државата почнавме да создаваме зелен енергетски центар во Европа, рече премиерот Ковачевски на свеченото отворањето на новата фотоволтаична централа.
„Денес зборуваме за иднината, за нови проекти кои носат стабилност и сигурност во снабдувањето со електрична енергија, што значи и силна економија и подобар животен стандард за граѓаните“, изјави Димитар Ковачевски, премиер.
„ФЕЦ Новаци“ е објект кој има големо значење за македонската економија, до 2016 година, нашиот капацитет за производство на електрична енергија беше 17 мегавати, во моментов имаме 393,6 мегавати, посочи Бектеши.
Министерот за транспорт и врски рече пак дека мерките што се преземени оваа година, ја поттикнале изградбата на оваа фотоволтаична централа.
„Овој проект е целосно проектиран и изграден од домашни компании, и истиот ќе придонесе за создавање на еколошки поздрава средина и економско подобро општество“, рече Демировски.
Фотоволтаична централа е инвестиција на домашната компанија „Меј Енерџи“ и се простира на површина од 57 хектари, на само 50 метри од одлагалиштето на јаловина од рудникот Суводол.
Александра Максимовска
