Нови алатки за промоција на туризмот, за да се привлече новата генерација гости
Потребни се нови алатки за промоција и привлекување на туристите во Македонија. Тие се засноваат на новото време и дигитализацијата. Гостите треба да ги привлечат и задржат, сè побројни се мали семејни винарии…

Трендовите на туристичкиот пазар покажуваат дека се потребно нови алатки за промоција на Македонија во регионот. Тоа се алатки кои се засноваат на дигитализацијата, на новото време кое го живееме. Токму на оваа тема работеле од „ИМЕ“ програмата, кои создале нови алатки. Меѓу нив и дигитални каталози, кои овозможуваат посетителот веднаш да ја види понудата за дестинацијата.
Оваа новина е согласно со времето во кое живееме. Пазарот е променет, има нови купувачи, нови генерации кои сè повеќе и повеќе ги користат социјалните мрежи, како начин за пристап до туристичките локации. Македонија како држава мора да се приспособи, да го следи пазарот и новото време. Понудата опфаќа и посета на винарии.
Последните две години овој бизнис е со поголем обем. Отворени се 200 нови мали семејни винарии. Се градат сместувачки капацитети, сали за дегустации, се бележи раст. Но, гостите остануваат кратко, еден ден, на патување од или за Грција.
Петар Печков
