ЗЕМЈОДЕЛСТВО

Завршува јавниот повик од ИПАРД 2 програмата

02.10.2023 08:45

Утре завршува рокот за аплицирање за повикот од ИПАРД 2 програмата за поддршка на инвестициите во основни средства и за преработка и маркетинг на земјоделски и на производи од риба. За кофинансирањето на 50 проценти од вложените средства барањата можат да се поднесат до Платежната агенција …

Огласот е за поддршка за инвестиции во основни средства и за преработка и маркетинг на земјоделски и на производи од риба.

Прифатливи за кофинансирање се 50 проценти од трошоците за набавка на опрема и услуги, без вложувањата за градежни работи.

Прифатливи инвестиции се и набавката на опрема за производство на енергија од обновливи извори и поставување или инсталирање на фотонапонски панели.

Потребната документација за поднесување на барањата е објавена на веб страната на Агенцијата.

Бидејќи се работи за повик од ИПАРД 2 програмата, крајниот рок за реализација на инвестициите e до 31 мај 2024 година, а поднесувањето на барањата за исплата трае до 30-ти јуни 2024 година.

Целта на ИПАРД Програмата е преку соодветни мерки да се подобри конкурентноста на земјоделското и производството на храна, усогласување со стандардите на Европската унија и економски развој на руралните средини.

 

Методија Трајков