Економија
Од денеска исплата на септемвриските пензии зголемени за 5,3%
02.10.2023 08:56
Најмногу ќе добијат корисниците на највисока пензија, околу 3.700 денари плус, а оние со најниски пензии, само 700-ни денари. ..

Од денеска исплата на септемвриските пензии на редовниот начин, како пред пандемијата. Пензиите се зголемени, но не за 6,8 туку за 5,3 насто. Најмногу ќе добијат корисниците на највисока пензија, околу 3.700 денари плус, а оние со најниски пензии, само 700-ни денари. Ова е второ усогласување за годинава. Во март беше зголемена за 8,4 проценти и заедно со овие 5,3, изнесува 13, 7 проценти, велат од Министерството за труд и социјална политика.
Пензионерите повторно незадоволни. Бараат линеарно покачување од 3.500 денари за сите и минимална пензија од 18.000 денари. Најавуваат масовни протести.
