Статистика

Пад од 5,1 процент на индустриското производство во август

02.10.2023 15:28

Според главните индустриски групи, производството во август годинава, во однос на истиот месец во 2022-ра, бележи пораст кај енергија за 1,1 процент, додека опаѓање бележи кај интермедијарни производи, освен енергија за 5,5 проценти, капитални производи за 7,7 проценти...

Индустриското производство во август годинава во однос на август минатата година е намалено за 5,1 процент, а во периодот јануари – август годинава во однос на периодот лани е зголемено за 0,3 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според главните индустриски групи, производството во август годинава, во однос на истиот месец во 2022-ра, бележи пораст кај енергија за 1,1 процент, додека опаѓање бележи кај интермедијарни производи, освен енергија за 5,5 проценти, капитални производи за 7,7 проценти, трајни производи за широка потрошувачка за 26 проценти и нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,8 проценти.