Народна Банка

Банкарските провизии на увид на граѓаните преку електронска алатка

03.10.2023 15:38

Со само неколку кликови ќе може да се спореди која банка колку наплаќа за вадење пари, за проверување сметка, за вадење пари од банкомат и слично. Народната банка ја објави алатката преку која клиентите ќе проверуваат колкави провизии плаќаат за банкарските услуги и да одлучат каде им е најисплатливо …

Со неколку кликови граѓаните ќе имаат увид колкави провизии плаќаат за банкарски услуги за да одлучат каде им е најисплатливо да ги завршат процедурите. Новата алатка ја објави Народната банка.

На веб страницата на Народната банка ќе ги има сите информативни документи за надоместоците што ги генерираат банките за да можат граѓаните полесно да ги споредат.

Надоместокот кој е пресметан како 0, 01 отсто од просечната плата и изнесува 34 денари вклучува месечно одржување на сметката, користењето на онлајн услуги, извршување на минимум пет трансакции за плаќање на сметки за вода, струја, одржувањето на дебитната картичка ако плаќањето се извршува во рамки на самата банка. Овој сет на услуги за ранливите категории на граѓани е без надоместок. Од следната година банките ќе имаат обврска да им дават на своите клиенти годишни извештаи за надоместоците.

 

Александра Велинова