Македонија

Тренчевска: Нема линеарно зголемување на пензиите

03.10.2023 15:11

Неделава треба да биде готов извештајот на работната група за пензиите. Во мерките не е предвидено линеарно зголемување, вели министерката Тренчевска, бидејќи тоа би значело дополнително оптоварување на пензискиот систем. Тренчевска додаде дека за година и пол пензиите биле зголемени за 24 насто. Пензионерите незадоволни-продолжуваат со протестите...

Во новиот пакет антикризни мерки за пензионерите го нема линеарното зголемување на пензиите што го бараат и за кое протестираат повеќе од два месеца. Министерката Тренчевска вели секое нереално зголемување ќе го оптовари пензискиот фонд, според неа, покачувањето ќе се одредува согласно новата методологија, а во септември и март ќе се врши усогласување на примањата со животните трошоци.

Смешно е и жално пензиите да ни се покачат за 300 денари, велат пензионерите. Не се откажуваат од барањето за линеарно зголемување за 5.000 денари, во спротивно најавуваат порадикални и помасовни протести.

Власта со став дека пензиите веќе пораснале за 24 проценти, односно 3.200 денари. Од Министерството велат се работи на зголемување на приходите во фондот за пензиско, а дефицитот од 47 проценти во 2017, годинава изнесува 33 проценти.

 

 

Викторија Милевска