Бесими: Сериозна финансиска инјекција за економијата со новите инструменти на пазарот на капитал и во Развојната банка
Министерот за финансии Фатмир Бесими денеска на регионалната конференција тема „Open4Business – Made in the Western Balkans – Supported by EU“ во организација на Европската комисија во соработка со Стопанската комора на Северна Македонија и „Western Balkans 6 Chamber Investment Forum“ (WB6CIF).
Иницијативите што се преземаат на национално ниво со кои се обезбедуваат финансиски средства за поддршка на економијата, заедно со иницијативите што во оваа насока се воспоставени од нашиот партнер ЕУ, даваат поголеми шанси за претпријатијата преку ваков сеопфатен процес да станат поконкурентни на европскиот пазар и да се соочат со предизвиците на тој пазар.
Ова го порача министерот за финансии Фатмир Бесими денеска на регионалната конференција тема „Open4Business – Made in the Western Balkans – Supported by EU“ во организација на Европската комисија во соработка со Стопанската комора на Северна Македонија и „Western Balkans 6 Chamber Investment Forum“ (WB6CIF).
Ова според министерот претставува сериозна инјекција за приватниот сектор за време на овој период од повеќе кризи, но, исто така, претставува поддршка на процесот на зелена транзиција и конкурентноста на нашите компании на идниот заеднички европски пазар.
Министерот потенцира дека во обезбедувањето финансиски средства значајно е дека имаме блиски партнери во Европа, од каде оваа година РС Македонија доби грант од 80 милиони евра за справување со кризата, и дополнителни 100 милиони евра буџетска поддршка за сите политики.
Во тој контекст, посочи, дека ваквите конференции се добар пример за да се изгради здрава мрежа на соработка и како да се искористат можностите подобро да се искористат, додека во ноември ќе следи уште ден настан кој се однесува на тоа како оптимално да се искористат средствата кои ни стојат на располагање преку европските фондови и како тие програми да ги поврземе со остварување на политичките приоритети и со компонентата на раст, стои во соопштението од МФ.
