Финансии за микро, мали и средни претпријатија
Со европски бизнис-стандарди до повисок раст и профит. Финансирање од фондовите – дополнителен бенефит за конкурентноста – оценки од Регионалниот форум на компаниите-власта и ЕУ...

Усвојувањето на европските стандарди ќе го зголеми растот на економијата и профитите на компаниите, а вклучувањето на македонската бизнис-заедница во европската ќе биде дополнителен бенефит за конкурентноста на домашните компании, смета првиот човек на Стопанската комора Азески.
Европската помош е наменета за области како зелени инвестиции и технологии, микрофинансирање, енергетска ефикасност и проекти за обновлива енергија, одржливо земјоделство, претпријатија предводени од жените и младите.
Финансирањето ќе биде достапно во форма на заеми, капитал, инвестициски стимулации и техничка помош.
Анита Димитријевска-Велковска
