текстилна индустрија

Текстилниот сектор пред нов предизвик, странските партнери ги раскинуваат договорите

05.10.2023 14:10

Текстилните компании во земјата се соочуваат со нов удар. Странските партнери ги раскинуваат договорите и го селат производството во Мароко и Египет. Лон производството не е решение на долг рок, велат од текстилниот сектор. Иднината е во развивање свои брендови со подобро платени работни места…

Текстилниот сектор се соочува со нова криза, скоро секојдневно се прекинува соработката со странските партнери, кои производството го селат на далечниот исток, откако го воочија проблемот со недостиг на млада работна сила во текстилните компании кај нас, велат конфекционерите.

Најголем дел од текстилните компании се фокусирани само на лон производство, кое пак е намалено заради малата побарувачка во Европа после рецесијата.

Со лон производство нема добро платени работни места и затоа конфекциите не привлекуваат млада работна сила. Иднината е во компаниите со брендирано производство

Просечната возраст на вработените во текстилните компании е околу 50 години. Пред периодот на пандемијата овој сектор вработуваше околу 35 илјади луѓе. Денес има седум илјади вработени помалку.

 

Славица Величковска