Енергетика

Од декември стартува дневната евтина тарифа

05.10.2023 14:20

Граѓаните евтината тарифа ќе можат да ја користат во периодот од 13 часот до 15 часот и секако останува на сила и ноќната евтина тарифа од 22 часот до 7 часот изутрина...

Дневната евтина тарифа ќе стартува во декември, граѓаните ќе можат да ја користат во периодот од 13 часот до 15 часот и секако останува на сила и ноќната евтина тарифа од 22 часот до 7 часот изутрина, изјави претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги Марко Бислимоски на трилатералниот состанок на Асоцијацијата на медитерански регулатори за енергетика МЕДРЕГ, Бордот на регулатори на енергетската заедница и Советот на европските регулатори за енергетика.

Тој порача дека нашата држава, како и цела Европа се соочи со енергетска криза, но беше мотивирачка кај сите и се започна со интензивен циклус со инвестиции во капацитети што произведуваат струја од обновливи изври на енергија.

Следен чекор е да се редизајнира помошта кон ранливите категории и значајно да се зголеми на оние лица на кои им е потребно, посочил, меѓу другото Бислимоски.

Дневната евтина тарифа се враќа откако беше укината на 1 јануари 2022, кога имаше зголемување на цената на електричната енергија за 9,48 отсто.