Економија

Светска банка: Раст од 1,8% годинава

05.10.2023 16:39

Растот се очекува умерено да се забрза на среден рок поради порастот на јавните инвестиции, закрепнатата потрошувачка и извоз...

Економскиот раст годинава ќе биде 1,8 отсто, во 2024-та ќе изнесува 2,5, а во 2025-та година ќе се зголеми на 2,9 проценти – прогнозира Светска банка во најновиот извештај за земјите од Европа и Централна Азија.

Инфлацијата во 2023-та ќе се задржи на ниво од 9,1 процент, за во наредната година да се намали на три.

Растот се очекува умерено да се забрза на среден рок поради порастот на јавните инвестиции, закрепнатата потрошувачка и извоз.

Од Светска банка забележуваат дека политичките проблеми носат ризик и за фискалната одржливост и инфлацијата, што ќе бара дополнително монетарно затегнување.