Македонија
Вицепремиерот Битиќи ќе учествува на панел-дискусијата Од криза до решенија – станавме ли поотпорна економија денес?
06.10.2023 08:25
На настанот ќе се дискутира за можностите за справување со кризи во иднина, и плановите за претстојните мерки и потребата како да станеме поотпорна економија...

Заменик-претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денес ќе учествува на панел дискусијата на Економскиот форум „Од криза до решенија – станавме ли поотпорна економија денес?“, во организација на Finance Think.
На настанот ќе се дискутира за можностите за справување со кризи во иднина, и плановите за претстојните мерки и потребата како да станеме поотпорна економија.
