Свињарство

Субвенции за набавка на приплодни грла добиток

06.10.2023 08:48

До 31-ви октомври тече рокот за поднесување на барања за поддршка за набавка на чистокрвни раси на свињи. Сточарите кои ги исполнуваат условите имаат право на враќање на средствата во висина од 50 до 75 проценти од вредноста на инвестицијата или најмногу до 10 милиони денари по корисник …

Неповратната финансиска помош изнесува најмалку 50 проценти од трошоците за набавката на педигрирани чистокрвни или хибридни свињи од увоз или од признати организации.

Набавката треба да е направена од први јануари до 30-ти септември 2023 година, а последниот рок за поднесување на електронските барања е до 31-ви октомври.

Стапката за ко-финансирање се зголемува и изнесува 55 проценти за млад земјоделец, 60 за во неразвиените подрачја па до 75 проценти за вложувањата во тешко достапните рурални заедници.

Еден фармер може да поднесе само едно барање за една мерка или најмногу две од целата Програма за рурален развој.

Корисниците на средства треба да ги имаат платено сите финансиски обврски кон Министерството за земјоделство како и долговите кон Јавното претпријатие за стопанисување со пасиштата и водниот надоместок.

Апликациите со ист број на бодови ќе се рангираат според датумот и времето на поднесување на електронското барање.

 

Методија Трајков