Скопје

Без струја неколку скопски општини

06.10.2023 10:23

ЕВН Македонија извести дека денеска без електро снабдување ќе останат корисници во неколку скопски општини...

ЕВН Македонија извести дека денеска без електро снабдување ќе останат корисници во неколку скопски општини.

– Во период од 10,00 ч до 11,00 ч без струја ќе биде дел од село Долно Лисиче (делот кон пругата и Драчево) општина Аеродром и општина Кисела Вода;

– Во период од 09,00 ч со 12,00 ч без електрична енергија ќе биде дел од улица Кичевска бр. 28 во општина Ѓорче Петров;

– Во период од 08,30 ч до 15,30 ч корисниците на село Средно Коњари (сред село и околните улици) во општина Петровец ќе немаат струја.