Битиќи на Економскиот форум „Од криза до решенија – станавме ли поотпорна економија денес?“
Вицепремиерот Битиќи рече дека во својство на претставник на Владата, има многу да каже за направеното во правец на заштита на животниот стандард на нашите граѓани, и за задржување на деловната активност на нашите компании во услови на исклучително тешки економски шокови.

Заменик претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, учествуваше на панел дискусијата на Економскиот форум „Од криза до решенија – станавме ли поотпорна економија денес?“ во организација на Finance Think, на кој стана збор за можностите за справување со кризи во иднина, и плановите за претстојните мерки и потребата како да станеме поотпорна економија.
Во неговата изјава, вицепремиерот Битиќи рече дека во својство на претставник на Владата, има многу да каже за направеното во правец на заштита на животниот стандард на нашите граѓани, и за задржување на деловната активност на нашите компании во услови на исклучително тешки економски шокови.
Вицепремиерот Битиќи укажа на важноста на визиите и конкретните системски мерки кои ќе ја зголемат адаптивноста и отпорноста на економијата во иднина.
„Мораме да ја избегнуваме економската пракса на создавање на зависности. Воспоставување на економски меѓузависноста во регионот и забрзано интегрирање кон ЕУ е патот кој води кон просперитет, раст и развој. Кризата ја оправда и ја нагласи потребата од усвојување на Националната развојна стратегија, која ќе претставува визија за развојот на државата и општество во претстојните две декади. Преку приоритизација на стратешките развојни области и поставувајќи механизам за соодветно искористување на ресурсите со кои располагаме како држава, стратегијата ќе овозможи флексибилност и отпорност на севкупното општество кон надворешни економски шокови“, изјави заменик претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи
