Енергетика

Се враќа дневната евтина тарифа на струјата

06.10.2023 13:57

Домаќинствата ќе можат да користат поевтина електрична енергија во периодот од 13.00 до 15.00 часот во декември. Оваа одлука е дел од тарифниот систем кој се применува од почетокот на годинава и кој има за цел да стимулира рационална потрошувачка на струја, вели првиот човек на РКЕ, Марко Бислимоски. Посочува и дека Скопје ќе има парно греење, тоа никогаш не било доведено во прашање. Според него ќе нема и ценовни шокови...

Проблеми со снабдувањето со топлинска енергија во Град Скопје нема да има, велат од Регулаторната комисија. Бислимовски уверува дека потрошувачите ќе бидат поштедени од ценовни шокови, а цената ќе се утврдува откако ќе добијат потврда дека ќе се монтира топловодот на мостот „Беласица“.

„Поентата на сето тоа и ние што реагираме е што е можно повеќе топлинска енергија да ни дојде од ТЕ-ТО за да ги намалиме трошоците на целокупниот систем. ТЕ-ТО е важен поради тоа што ни дава топлинска енергија која е за два и пол или три пати пониска отколку цената на топланите во Градот Скопје“, изјави Марко Бислимовски.

Евтина дневна тарифа ќе има од 1-ви декември во периодот од 13.00 до 15.00 часот, ќе биде достапна до најголем дел од потрошувачите – потврди првиот човек на Регулаторна, Бислимовски.

Од Регулаторна уверуваат дека нема да има отстапки од тарифниот систем што е во сила од јули годинава.  

 

Игор Панов