Пазар на труд
Прилеп: Компаниите нудат 350 работни места
06.10.2023 14:47
Соработката на академската заедница и бизнис секторот е пресудна за создавање соодветни кадри што ги бара пазарот на трудот. На Економскиот факултет се одржаа „отворени денови“ и кариерен ден на кој преку 10 компании од пелагонискиот регион нудат 350 работни места...

Преструктурирање и соодветна работна сила за потребите на пазарот на трудот бара бизнисот од академската заедница. На прилепскиот Економски факултет на своевиден саем за вработување преку 10 компании од пелагонискиот регион понудија 350 работни места.
Универзитетот со отворен ден, а досегашната практикантска работа носи резултати.
Економскиот факултет годинава отвори и Центар за претприемништво.
Елизабета Митреска
