Економија

Пазарниот инспекторат ќе продолжи да постапува по одлуките на Владата за намалување на цените

06.10.2023 15:39

Ќе проверуваме дали стои ознаката „гарантирана цена“ и дали се почитуваат останатите одредби од одлуките кои се однесуваат на трговците на мало и на трговците на големо, соопштуваат од ДПИ по реакциите во јавноста за покачување на цените.

Пазарниот инспекторат ќе продолжи да постапува по веќе донесените одлуки на Владата за намалување на цените. Ќе проверуваме дали стои ознаката „гарантирана цена“ и дали се почитуваат останатите одредби од одлуките кои се однесуваат на трговците на мало и на трговците на големо, соопштуваат од ДПИ по реакциите во јавноста за покачување на цените.

„Граѓаните да бидат спокојни. Цените на основните прехранбени производи нема да се зголемат, може само дополнително да се намалат. Пазарниот инспекторат ќе продолжи да постапува по одлуките за намалување на цените кои се веќе донесени. Оној што нема да ги почитува одлуките ќе биде казнет без селекција. Граѓаните се на прво место, а ние сме тука за да го штитиме нивниот стандард“ – изјави директорот, Горан Трајковски