Финансии

Бесими: Останува стапката од 5% ДДВ за основните прехранбени производи

06.10.2023 19:40

Министерот за финансии признава дека се направени пропусти кај неколку артикли при тарифирањето. Како пример го посочи кашкавалот, во истата тарифа влегува увезениот и некои од домашните, па затоа ќе разговараат со Царинската управа да се направи раздвојување на тарифните броеви.

Основните прехранбени производи коишто се дел од секојдневната употреба на граѓаните остануваат да се даночат со најниска стапка од 5 насто – потврди министерот за финансии Фатмир Бесими на брифингот за медиуми, откако во јавноста имаше реакции дека дел од продуктите во маркетите се продаваат по повисока цена.

Сепак, признава дека се направени пропусти кај неколку артикли при тарифирањето. Како пример го посочи кашкавалот, во истата тарифа влегува увезениот и некои од домашните, па затоа ќе разговараат со Царинската управа да се направи раздвојување на тарифните броеви.

Од Финансии тврдат дека ова нема да биде удар врз стандардот на граѓаните. Според Бесими земјава има најниска стапка на ДДВ од 18 насто во споредба со земјите од регионот.

Со последната одлука на Владата, 1.600 производи се продаваат со 5 проценти ДДВ, а околу 1.000 се даночат со 10 насто ДДВ.