Каде завршува државната поддршка за набавка на нови трактори?
Се надевал на поддршка од државата за набавка на нов трактор но не добил пари. Земјоделецот Стојан Стојанов од струмичко Просениково кој обработува 30 декари земја и произведува десетици тони зеленчук вели дека место кај вистинските земјоделци овој тип на поддршка оди кај лица на кои земјоделството не им е основна дејност …

Место кај вистинските, поддршката за набавка на трактори завршува кај лица на кои земјоделството не им е основна дејност. Вака обвинува Стојан Стојанов од струмичко Просеникво. Аплицирал за поддршка од Програмата за рурален развој за 2022 на но не добил средства за набавка на трактор иако обработува повеќе од 30 декари земјоделско земјиште.
Стојанов со семејството годишно произведува повеќе десетици тони зеленчук претежно, пиперки, краставици, домати. Морал со свои пари да си купи нов трактор. Тврди дека повеќе нема да аплцира за помош од државата оти ја изгубил довербата.
Од Агенцијата соопштија дека сите апликанти имале право на жалба. Според нив секој апликант се бодува согласно распишаниот јавен повик при што повеќе бодови добиваат ако носителите на земјоделско стопанство на возраст до 40 години и доколку е регистриран согласно Законот за вршење на земјоделска дејност односно Законот за пензиско и инвалидско осигурување.
Ване Трајков
