Свет

Скок на цените на нафтата по воениот конфликт во Израел

09.10.2023 09:39

Цените на нафтата пораснаа, а доларот и јапонскиот јен зајакнаа додека инвеститорите ги следат вестите за воениот конфликт на Блискиот Исток. Инвеститорите утрово не сакаат поризични инвестиции поради воениот конфликт на Блискиот Исток...

Цените на нафтата пораснаа, а доларот и јапонскиот јен зајакнаа додека инвеститорите ги следат вестите за воениот конфликт на Блискиот Исток. Во Австралија утрово цените на акциите пораснаа околу 0,4 отсто, додека на Шангајската берза паднаа за приближно 0,5 отсто. Во Хонг Конг не се работи поради ураганот, а во Јапонија и Јужна Кореја поради празници.

Инвеститорите утрово не сакаат поризични инвестиции поради воениот конфликт на Блискиот Исток, откако борците на исламистичката организација Хамас во саботата го нападнаа Израел и убија повеќе од 700 луѓе. Израел возврати со воздушни напади врз Палестинците во Газа во неделата, при што загинаа стотици луѓе од двете страни.

Цените на нафтата, од друга страна бидејќи трговците стравуваат од прекини во снабдувањето поради воениот конфликт на Блискиот исток. Цената на барелот на лондонскиот пазар во понеделникот утрото скокна за 3,80 отсто, на 87,75 долари, додека на американскиот пазар барелот поскапе за 4,08 отсто, на 86,15 долари.