Протест

Пензионерите не се откажуваат од покачувањето, конкретни мерки до крајот на месецот

10.10.2023 13:38

До крајот на месецот ќе има мерки, министерката Тренчевска го има извештајот на работната група за пензионерите. Тие продолжуваат со протестите…

Пензионерите од Куманово не се откажуваат од покачувања на пензиите. Повторно излегоа на протест. Незадоволни од ветеното, бараат линеарно зголемување од 5.000 денари, а минималната пензија да биде 20.000 денари. Велат, цените постојано растат и е неиздржливо. Се обидоа барањата да ги достават во Здружението на пензионери, но наидоа на затворени врати.

До крајот на месецов ќе има конкретни мерки за подобар животен стандард на пензионерите, особено за тие со ниски пензии, најави министерката Тренчевска. Утрово го добила извештајот од работната група и ќе го проследи до Влада. Вели, не се точни реакциите на некои пензионери дека добиле зголемување од само 200 до 300 денари.

Пензионери од повеќе градови подолг период протестираат. Бараат подостоинствен живот и подобар стандард за лицата од третото доба.

 

Ана Јосифоска – Тодоровска