Регулаторна комисија
Од полноќ поевтинување на горивата
10.10.2023 13:58
Од полноќ дизелот поевтинува за три, бензините за 2,5 денари – одлучи Регулаторната комисија на енергетика...

Од полноќ дизелот поевтинува за три, бензините за 2,5 денари – одлучи Регулаторната комисија на енергетика. Новата цена на Еуродизелот ќе изнесува 83 денари, Еуросупер бс-95 ќе се продава за 81, а 98-цата за 83,00 денари за литар.
За три денари се намалува и цената на Екстра лесното масло за домаќинство и ќе изнесува 82.
Според новата одлука на Регулаторна малопродажните цени на нафтените деривати се пониски за 2,97 насто.
