Економија
Поскапуваат дел од витамините и храна за доенчиња
11.10.2023 19:47
Поскапуваат дел од витамините, храната за доенчиња — 500 суплементи со повисоко ДДВ. На удар и цигарите . Од акцизата буџетот ќе ќари 13 милиони евра...

Од петок поскапуваат 500 суплементи, дел од палетата витамини, храна за доенчиња, антидепресиви, препарати за дехидратација, за очи, пробиотици. Ова се само дел од производите со зголемено ДДВ од пет на десет насто. Нови цени ќе имаат и цигарите и тутунските производи.
Се зголемуваат акцизите. Во буџетот владата проектира да се слеат 13 милиони евра. Зголемените цени ќе го поскапат животот.
Инфлацијата годинава Владата ја позиционирана на 5,6 насто, но ММФ во последниот извештај предупреди за 10 проценти, највисока стапка во регионот.
