Тетово

Пензионерите од Тетово го блокираа влезот во градот, бараат повисоки пензии

12.10.2023 11:59

Тетовските пензионери протестираат и го блокираа влезот на Тетово, барајќи линеарно покачување на пензиите од 5.000 денари, како и.минимално пензија од 20.000 денар. Обвинија дека владата манипулира со процентите и нуди социјални пакети...

Дупката во буџетот ја направија тие со 78%, а сега ние со 5% треба да ја полниме, сакаме достоинствен живот, а не социјални пакети. Ова беа дел од пораките и барањето на пензионерите од Тетово кои утринава протестираа блокирајќи го и влезот на градот.

Владата постојано манипулира со процентите на пензиите, а на крај добиваме само трошки доведени сме на питачки стап, велат пензионерите.

Истакнаа дека не се откажуваат од нивните барања.

Здружението на пензионери Тетово е едно од поголемите во државата, со над 13.000 членови, претежно со ниски примања.

 

Зоран Димовски