Стопанство

Министерот Бектеши очекува цените во маркетите да се намалат

12.10.2023 13:04

Цените во маркетите ќе се намалат, очекува министерот Бектеши, преку законско решение со кое ќе се ограничат трговските маржи. Целта е да се воспостави ред при дефинирање на цената прво меѓу купувачите и доставувачите, со што нема да се искористува преговарачката моќ, а на крајот тоа ќе влијае врз крајната цена на производите...

Маржата на земјоделските и прехранбените производи нема да надминува од 30 до 40 отсто од производната цена, најмногу ќе биде до 10 отсто, најави министерот Бектеши. Ова го предвидува новиот Предлог-закон за фер трговски односи за кој претставници на стопанските комори и министерот Бектеши имаа работна средба.

Предлозите и забелешките инволвираните страни ќе можат да ги достават до 25-ти октомври. Казни од 20.000 евра за непочитувачите за овој закон кога ќе биде изгласан и на сила. Ќе има преоден период од шест месеци.

Предлог-законот е конфузен, маржите не смеат да надминуваат повеќе од 10 отсто со вклучен рабат, но и маркетинг – велат од Сојузот на стопански комори. Новото законско решение се очекува да ги уреди условите, начинот како ќе се врши трговија на земјоделските и прехранбените производи и нема да дозволи да се користи моќта на одредена компанија врз другите компании.

 

 

Александра Велинова