Субвенционирање на каматни стапки за ИПАРД
Привршува огласот за субвенционирање на каматните стапки за кредити за инвестиции поддржани од ИПАРД програмата. За период до 10 години, државата ќе исплаќа половина од каматата на годишно ниво. крајниот рок за доставување на барањата е до 15 октомври годинава...

Корисници на помошта за субвенционирање на каматна стапка се физички и правни лица корисници на финансиски средства од ИПАРД програмата.
Помошта е наменета за кредити кои имаат годишна каматна стапка во висина до 8 насто на годишно ниво, за период до 10 години. Инвестицијата не треба да биде повисока од 500.000. евра. Субвенцијата е 50 проценти од каматата на годишно ниво.
Барањата се поднесуваат електронски. Еден барател може да поднесе само едно барање за една мерка или најмногу 2 поединечни по различни мерки имајќи ги предвид и мерките од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2023 година.
Ова се однесува за корисниците на фондовите од ИПАРД, кои потпишале договор по завршување на последниот јавен повик за субвенционирање на каматата, односно после 18 Јануари 2018 година.
Електронски пополнетото барање треба да се преземе, испечати и потпише и заедно со целата документација да се достави до платежната Агенцијата по пошта или лично во писарницата. Барањата кои ги исполнуваат условите ќе се рангираат според датумот и времето на поднесување, а крајниот рок е 15-ти октомври годинава.
Методија Трајков
