Поскапуваат антидепресивите, витамините и пробиотиците
На рафтовите во аптеките нови цени на дел оd палетата витамини, антидепресиви, додатоци на храна за мали деца по зголемениот ДДВ. Граѓаните револтирани, власта со порака- имаме најнизок ДДВ во регионот.Со гарантираната цена и повластената стапка на данок на прехранбените производи очекува инфлација од пет насто до крајот на годинава. Опозицијата порачува државава е рекордер по сиромаштија...

На рафтовите во аптеките нови цени на антидепресиви, пробиотици, витамините, додатоци на исхрана. Палета на производи со зголемено ДДВ од пет на десет насто почнаа да се продаваат поскапи. За граѓаните ова е нов ценовен шок, бидејќи дел од овие фармацевтски производи велат некои од нив секојдневно ги употребуваат.
Власта пак од терен го повтори ставот дека имаме најниско ДДВ во регионот, а со „Гарантираната“ цена на одредени производи и повластената даночна стапка основа да се постигне инфлацијата од пет насто. Директорот на Пазарен инспекторат со апел до граѓаните да пријавуваат неправилности кај трговците.
Шесте години власт на СДС и ДУИ ја направија Македонија рекордер по сиромаштија, затворени фирми и пропадната економија, обвини портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.
Се зголеми и акцизата на цигарите и тутунските производи, но поскапувањата на овие производи ќе бидат од почетокот на следната година.
Александра Велинова
