Влада

Битиќи и амбасадорката на САД, Агелер во Евро – Атлантскиот Совет на Северна Македонија

13.10.2023 20:44

На средбата заеднички беше констатирано дека полноправното членство на Северна Македонија во НАТО, обезбеди сигурност и стабилност, кои се основните предуслови за економски раст и развој на земјата, притоа овозможувајќи предвидлив амбиент за трговија и инвестиции...

Заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и амбасадорката на САД, Анџела Агелер, денес остварија средба со претставници на Евро – Атлантскиот Совет на Северна Македонија.

На средбата заеднички беше констатирано дека полноправното членство на Северна Македонија во НАТО, обезбеди сигурност и стабилност, кои се основните предуслови за економски раст и развој на земјата, притоа овозможувајќи предвидлив амбиент за трговија и инвестиции.

Во контекст на евроинтегративните процеси на земјата заеднички беше оценето дека членството во НАТО игра клучна улога, покажувајќи посветеност на земјата кон демократските вредности, стабилноста и меѓународната соработка, што е од суштинско значење за полноправното членство во ЕУ.

Се афирмираше и ставот дека е неопходно Северна Македонија да го задржи европскиот стратешки правец, како единствен кој промовира мир и води кон просперитет на целокупното општеството.