Греење

Поради дефект објекти останаа без парно

16.10.2023 20:01

Само ден по стартот на грејната сезона над 200 објекти останаа со ладни радијатори. Корисниците во дел од Општина Кисела Вода немаа парно греење...

Само ден по стартот на грејната сезона над 200 објекти останаа со ладни радијатори. Корисниците во дел од Општина Кисела Вода немаа парно греење.

Од ЕСМ излегоа со став дека поради дефект во внатрешните инсталации во 21 објект имало прекин на довод на електрична енергија во топлинската станица, во 49 објекти екипите на операторот на дистрибутивниот систем немаа пристап и кај 140 објекти биле оневозможени да добијат испорака на топлина од системот за централно греење, заради дефект во внатрешната инсталација на објектот.