Влада

Законска корекција на функционерските плати

17.10.2023 10:11

Денеска на владина седница треба да се најде законско решение за платите на избраните и именуваните лица...

Денеска на владина седница треба да се најде законско решение за платите на избраните и именуваните лица.

Се најавува поправедно решение, откако по одлуката на Уставниот суд, функционерските примања скокнаа за 78 проценти, што предизвика револт во јавноста и лавина синдикални барања за повисоки плати во речиси сите сектори.

Од Владата најавуваат дека средствата што ќе се ослободат со законското решение ќе се искористат за антикризни мерки, за помош на најранливите категории. Новиот пакет антикризни мерки ќе изнесува околу 70 милиони евра.