ЕСМ: Локализиран е дефектот на дистрибутивната топловодна мрежа во населбата Кисела Вода
По локализирање на дефектот, утрово повторно е воспоставена нормална испорака на топлинска енергија за најголем дел од потрошувачите во населбата Кисела Вода...

Екипите на ЕСМ Дистрибуција на топлина во тек на вчерашниот ден во најкраток рок го локализираа дефектот на дистрибутивната топловодна мрежа во населбата Кисела Вода.
По локализирање на дефектот, утрово повторно е воспоставена нормална испорака на топлинска енергија за најголем дел од потрошувачите во населбата Кисела Вода, соопштуваат од ЕСМ.
Екипите на ЕСМ Дистрибуција на топлина и денес се на терен и интензивно работат на санација на дефектот, со цел истиот да биде саниран во најкус можен рок.
Во попладневните часови во тек на вчерашниот ден, поради високите надворешни температури не се вршеше испорака на топлинска енергија, стои во соопштението од ЕСМ.
