Независниот синдикат бара 30% поголема плата
Независниот синдикат на здравствени работници и техничкиот персонал на предупредувачки протест во Клиничкиот центар и во Градската општа болница „8 Септември“. Сирените на возилата на брза помош половина час вклучени, за итно зголемување на платите на здравствените работници...

Ниту во март, ниту во септември возачите од Итната медицинска помош не добија покачување на плата, вели за МТВ Перо Куртески од Крушево. Според него, срамота е што платата му е под минималната, со стаж од 37 години зема 24.000 денари. Ги прашува надлежните зошто ги заборавиле возачите, кога се тие дел од тимот со сестрите и докторите.
Со вклучување на сирената на возилото во 10.30 тој го поддржа протестот на независниот синдикат за здравство. Вработените во здравство излегоа пред установите за надлежните ги видат и да ги исполнат нивните барања. Зголемување на плата за 30 проценти, бенефициран стаж, трансформација на договори на дело на неопределено време, ревидирање на колективниот договор и зголемување на инфективниот додаток.
Здравствените работници собрани пред Градската болница „8 Септември“ добија поддршка и од граѓаните.
Од Независниот синдикат велат дека нивните барања се однесуваат на 22.000 вработени во здравството.
Наташа Јанчиќ-Менковски
