Македонија

ССМ апелира да не се одложува намалувањето на функционерските плати за 78 проценти

19.10.2023 13:12

ССМ веќе доставил предлог до пратениците кои, како што наведуваат, молчат три месеци, а истото решение го предлагаат и на Владата...

Сојузот на синдикатите апелира до Владата, да не бара изговори и да не го одложува намалувањето на функционерските плати за 78 отсто, со употреба на европско знаменце и без консултации.

Според синдикатот, не е потребно многу време за да се направи измената на законот. ССМ веќе доставил предлог до пратениците кои, како што наведуваат, молчат три месеци, а истото решение го предлагаат и на Владата. Предлогот предвидува, во Законот за плата и другите надоместоци на пратениците во Собранието на Република Македонија и другите избрани и именувани лица во Републиката, да се смени член 11.