Растот се намалува, инфлацијата расте
Очекуваниот раст од 2,5 отсто се намалува на 1,8, бидејќи забавува во второто тримесечје од годината и е најмал во регионот – полугодишен извештај на Светска банка. Задоцнетите владини мерки и профитните маржи се едни од факторите за висока инфлација...

Притисок од зголемувањето на платите во јавниот сектор, задоцнети ефекти од владините мерките и профитните маржи се едни од главните фактори за зголемувањето на инфлацијата од 8,4 на 9,1 отсто до крајот на годината според извештајот на Светска банка. Македонија е втора во регионот по степенот на инфлација после Србија со 12, 5.
И додека инфлацијата расте економскиот раст забавува за годинава. Се прогнозира 1,8% и е најмал во регионот. Изградбата на коридорите ќе придонесе за позитивен раст – велат економистите од Светска банка. Порачуваат повеќе да се вложува во зелена транзиција наместо да се субвенционира струјата.
Од Светска банка предупредуваат – треба да се имаат предвид и ризиците кои ќе го намалат растот – динамиката на реформите, изборите во регионот и во земјава, климатските шокови и фискалните потреби за ублажување на трошоците за живот.
Александра Велинова
